Македонија
Во јуни уништени над 600 килограми небезбедна храна
Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство во јуни спровеле вкупно 4.536 инспекциски надзори од кои 3.389 редовни, 316 контролни и 831 вонреден. За констатираните недоследности изречени се 510 инспекциски мерки, од нив 389 решенија за отстранување на недоследностите, 109 едукации за операторите со храна, 11 парични казни, а поднесена е и една прекршочна пријава.
„Како небезбедна, во овој временски период инспекциските служби на АХВ поништиле 611 килограми храна. Поништена небезбедна храна од страна на операторите не е пријавена. Од храната која се увезува, официјалните ветеринари на граничните премини забраниле влез само на една пратка со храна од животинско потекло, во количина од 39 килограми. Во месец јуни нема поништени пратки со храна од увоз, ниту од животинско, ниту од неживотинско потекло.“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
За извоз на храна од неживотинско потекло, истиот месец издадени се 313 сертификати, а за храна од животинско потекло, 243 сертификати за извоз.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!