Занимливости
Современа депонија во Виена е претворена во популарно излетничко место
Додека кај нас самото спомнување на зборот „депонија“ предизвикува згрозеност, некој нашол начин како една депонија да ја претвори во атрактивно излетничко место. Станува збор за депонијата Ројтенвег во Виена, Австрија, која важи за пример на најсовремена депонија.
За депонирање на ѓубре се користела уште од шеесеттите години, а со тек на времето била приспособена според еко стандардите и модернизирана до перфекција.
Од есента 2008 година, на Ројтенвег не се депонира или складира никаков нетретиран отпад, туку само остатоци, пепел од погоните за согорување на отпад во Виена.
Надлежните се погрижиле депонијата да ја претворат во примамливо излетничко место. Во периодот од мај до октомври, два до три пати месечно, локацијата е отворена за граѓаните, кои можат да се запознаат со функционирањето на системот за управување со отпад и заштита на подземните води, а воедно да уживаат во зеленилото и разновидниот растителен и животински свет.
Постојани жители на депонијата се загрозена раса на планински кози, кои од 1993 година биле населени тука од страна на еден ветеринар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ