Гостивар
На Русино се интервенира и денес
По големиот пожар на депонијата Русино на некои места се` уште се појавува чад, поради што екипите остануваат да интервенираат на терен и понатаму. Од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Гостивар, оценуваат дека состојбата е стабилна, но работите мора да продолжат за да се острани секој ризик од повторно избувнување на оган.
„Утрово бевме на увид и може да кажеме дека состојбата е прилично мирна. Сепак, екипите остануваат активни до целосно стишување. Пожарот навистина бараше ангажирање на поголема механизација. Фирмата со која имаме договор и ја ангажиравме, денес на депонијата работи со пет градежни машини и шест камиони, а обезбедивме и една цистерна. На депонијата постојано има и Портивпожарно возило.“, рече раководителката на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Гостивар, Лирија Селмани.
Депонијата се запали во саботата наутро, а пожарот доживеа кулминација вечерта кога гостиварци се загушија во чад. Во гаснење се вклучија екипи на Комуналец, Противпожарните единици на Гостивар и Тетово и Дирекцијата за заштита и спасување.
За уредување на Русино според еколошките стандарди, Полошкиот плански регион спроведува проект кој се имплементира со поддршка на Швајцарската агенција за развој. Во него за следната година се предвидува формирање на заедничко комунално претпријатие кое ќе менаџира со оваа депонија.
Во изработка е и техничка документација за рехабилитација на депонијата, се до нејзино стандардизирање.
„До сега како превентивна мерки е направена ограда околу депонијата за да се спречи диво фрлање на отпад од страна на трети лица, а брзо време ќе биде поставена кабина и вага за мерење на отпадот кој се носи од секоја општина поединечно за да имаме увид во количината на отпадот кој се фрла од секоја општина.“, информираат од Полошкиот плански регион.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот