Гостивар
ИН МЕМОРИАМ: Почина Злате Тодоровски, основач и сопственик на Радио Телевизија Кис
Во 64-тата година од животот, по кратко боледување утрово почина Злате Тодоровски, основач и сопственик на регионалната Радио Телевизија Кис, човек кој зад себе остави длабоки траги во медиумската сфера и траен белег врз состојбите во целиот тетовско-гостиварски крај.
Три децении од својот работен век го посвети на Радио Телевизија Кис, создавајќи препознатлив медиум кој го претставува гласот на народот. Останува запаметен како хуман човек, по големата поддршка кој ја даваше за негувањето и опстанокот на традиционалните и духовите вредности во полошко, преку медиумско промовирање на манифестации, настани и собири од црковно-народен и културно-уметнички карактер. Личност со неисцрпна енергија, кога станува збор за следењето на сите регионални актуелности и збиднувања, дружењето, дебатирањето.
Погребот ќе се одржи утре (18 август) во 13 часот на гробиштата во родното место на Тодоровски, тетовското село Жилче.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ