Македонија
Министерство за финансии: Голем интерес за Купи куќа-купи стан, изготвен и нов прирачник
За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови за проектот Купи куќа-купи стан, интересот кај граѓаните е голем, информираат од Министерството за финансии додавајќи дека за тоа придонесуваат намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете. Министерство изготви и нов прирачник за проектот, во кој се објаснети деталите околу условите за добивање на субвенциите за нов дом.
„Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9 %, а за третата и четвртата година 3,9 %. Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“ и сега ќе изнесува 4% проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор. За младите до и со наполнети 35 години се воведе нов модел „Купи стан за млади“.Корисниците кои ќе го одберат моделот „субвенција на ратата“, од државата ќе добијат субвенции во висина од 70% од ратата. Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата изнесува 11.900 евра. Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70% од учеството за станот. За кредит од 50 илјади евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра.“, наведуваат од Министерството.
Дополнително корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.
За лицата над 35 години за изградба или купување на нова куќа, ќе се субвенционира 80% од месечната рата во период од пет години, или 80% од учеството за куќата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар