Поврзи се со нас

Вести

Се одржа првиот пливачки маратон „Леуново 2019“ на Мавровско езеро (фото галерија)

Објавено

на

Во Леуново, денеска се одржа пливачкиот маратон, „Леуново 2019“ кој е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање во организација на Пливачката федерација на Македонија. Маратонот за прв пат се одржува во вакво издание и е дел од годинешното одбележување на празникот „Успение на Пресвета Богородица“, кој традиционално се празнува на 28 август во ова село.

Повеќе од 20 пливачи од цела Македонија учестуваа во 3 километарската трка, која се одржа во водите на Мавровското езеро под хотелот Радика. Поради силното струење и неповолните временски услови се откажа првичната рута за препливување на езерото од Маврови Анови до Леуново, беше изработена посебна стаза во водите на Мавровско езеро со должина од 500 метри, по која натпреварувачите пливаа 6 круга.

Прв низ целта помина Филип Деркоски со време од 32 минути и 24 секунди, зад него беше Јасин Рамадани, додека на третото место заврши Толга Демичан.

Во категоријата од 12 до 14 години, Марко Ѓузиќ беше најбрз, додека второто и третото место го зазедоа Андреј Крстевски и Михаил Велковски. Во женска конкуренција единствена која помина низ целата беше Лина Јорадановска.

Прогласувањето на победниците и доделување на медалите се одржа во кругот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Леуново, медалите на најспешните им ги додели директорот на ЈУНП Маврово, Самир Ајдини, кој им честиташе на победниците и организаторитите на овој настан, изразувајќи желба овој маратон во водите на Мавровоското езеро да премине во традиција.

Организатори на овој натпревар се: с.Леуново, Националната пливачка федерација, Општина Маврово-Ростуше, пливачкиот клуб „Охридски бранови”, Кајак Клуб „Бабуна”, А.Д КЕМ Гостивар. Прославата на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ во с.Леуново ќе се одржи во среда на 28 август.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 29 минути

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 1 час

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 2 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 4 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 4 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 17 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 19 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 24 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена