Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Дрита го шокираше ФК Гостивар (3:4) во првото коло од 2.МФЛ

Започна натпреварувањето во Втората Македонска фудбалска лига – Запад. Фудбалерите на ФК Гостивар првиот натпревар го одиграа на Градскиот стадион во Гостивар против екипата на Дрита од Боговиње.

Двете екипи одиграа трилер натпревар кој заврши со шок за гостиварци. Домаќините поведоа во 2. минута преку Станковски, за вo 23. минута гостите израмнат на 1:1 со голот на Љума, а во 31. мунута со погодокот на Рамадани и поведат со 1:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме гостиварци успеаа да направат целосен пресврт со головите на Ристовски во 63. минута и Белули во 66. минута, но гостите од Боговиње не се предадоа и смогнаа сили за нов пресврт на Градскиот стадион во Гостивар. Најпрво Љума со нов погодокот во 71. минута донесе неизвесност израмнувајќи на 3:3, за Флорент Рамадани со гол во судиското продолжение, приреди голема радост и победа на премиерата на овој клуб во Втората македонска лига – Запад.

Екипата на Вардар од Форино која годинава ќе се натпреварува во 2МФЛ, во првото коло му гостуваше на Пелистер. Загуби во Битола со резултат 2:о.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно