Поврзи се со нас

Гостивар

Над 300 деца на листа на чекање за градинка во Гостивар – Таравари вети нови градинки

Објавено

на

Весели дечиња, возбудени родители, игра и песнички, ангажирани воспитувачки. Ваква беше атмосферата на првиот работен ден од септември, во гостиварските градинки.

Од раководството на установата велат дека објектите функционираат со добри услови за згрижување на децата, но останува проблемот со недостиг на простор. Листата на чекање за прием е долга и брои над 300 дечиња.

На првиот работен ден градинките ги посети градоначалникот Арбен Таравари. Тој нагласи дека локалната самоуправа прави напори да ги прошири капацитетите на градинките и да овозможи да бидат опфатени што поголем број на дечиња.

„Во тек е уредување на нов објект на градинка во Долна Бањица, а планираме и во интернатот, уште еден кат од зградата да го претвориме во градинка. Се` со цел да се намали бројот на деца коишто чекаат да се запишат. Од една страна за среќа, од друга страна за жал, имаме 300 деца на листа на чекање. За среќа, затоа што е убаво во еден град да има толку многу мали дечиња и тие да веруваат во институциите на системот и родителите да сакаат да ги донесат во градинките. За жал, затоа што бројката е релативно голема и нема место за сите. Ние ќе се обидеме, барем до идната година да ја сведеме листата на чекање максимум до 100 деца“, изјави градоначалникот.

Директорката на градинките во Гостивар, Мирјана Мицоска им го честиташе септемврискиот почеток на децата и оцени дека бројката на дечиња во текот на месецов, уште ќе расте. „Ќе направиме обиди дел од нив да ги згрижиме“, рече Мицоска.

При денешната посета на градинките, Таравари изјави дека како градоначалник и како генерален секретар на Алијанса за Албанците го поддржува штрајкот на вработените во образованието за повисоки плати.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 7 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 11 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 13 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 15 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 16 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 17 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 18 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена