Гостивар
Синдикат: Штрајкот во гостиварските училишта помина без притисоци и со поддршка на родителите
Најавениот предупредувачки штрајк во училиштата на поширокото гостиварско подрачје поминува без проблеми и притисоци, оценуваат од регионалниот синдикат за образование и наука во Гостивар. Просветниот кадар утрово бил на своето работно место, но настава во текот на денешниот ден не се одржува. Исто така, учителките не извршија прием на првачињата.
„Штрајкот се одржува во сите основни и средни училишта во Општините Гостивар и Врапчиште, додека во Маврово и Ростуше во дел од школите. Не се пријавени никакви притисоци врз членството на синдикатот, а сакам да нагласам дека добивме голема поддршка и од родителите“, рече претседателот на регионалниот синдикат во Гостивар, Тафа Амети.
Предупредувачкиот штрајк е еднодневен и од утре наставата во училиштата ќе започне да се одвива по нормален тек. Од СОНК велат дека ќе ги продолжат преговорите со Министерството за образование за своите барања за 25% зголемување на платите.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба