Гостивар
Апелациониот суд во Гостивар вработува референти, платите по 300 и 250 евра
Две нови работни места се отвораат во Апелациониот суд во Гостивар. Институцијата објави огласи за прием на самостоен судски референт и помлад судски референт. Покрај општите услови, одредени во Законот за судска служба, кандидатите треба да исполнуваа и одредени посебни услови: завршено најмалку средно или више образование, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. За позицијата самостоен судски референт се бара и најмалку три години работно искуство во струката, додека за помлад референт работното искуство не е услов.
Вработувањата се на неопределено, со полно работно време. Основната плата за самостоен судски референт изнесува 18.238 денари, додека за помлад референт 15.265 денари.
Деталите од огласот може да ги прочитате на следниот ЛИНК
Гостиварска Апелација е надлежна да решава по жалби против одлуките на Основните судови во Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево. Според извештајот за првиот квартал од годината, во судот се предвидени 117 места за суски службеници, од кои пополнети се 30%.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок