Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар ќе ги наградува успешните спортисти, клубови, тренери…

Објавено

на

Гостиварската локална самоуправа ќе доделува награди и признанија на спортисти, спортски работници, клубови, тренери, здруженија и училишни тимови. Начинот и критериумите за добивање на наградите ќе бидат определени во посебен Правилник, чија првична верзија денес беше презентирана во општината. Откако ќе се дефинираат сите детали, Правилникот ќе биде ставен на гласање пред Советот.

На овој начин ќе ги остраниме сомнежите дека при распределба на парите за спорт од општинскиот буџет има фаворизирања, истакна градоначалникот Арбен Таравари. „Постојат субјективни коментари од некои луѓе, дека одредени клубови и спортисти добиваат повеќе пари од општината, а други помалку. Со овој Правилник ќе ги минимизираме ваквите озборувања. Го претставуваме најпрво пред спортистите, клубовите, спортските работници за да го слушнеме нивното мислење, предлози, забелешки, така е најдемократски“, изјави градоначалникот.

Содржината на Правилникот ја презентираше советникот во советот и карате ас од Гостивар, Берат Јакупи, кој ги повика сите активни спортисти и клубови, кои не се регистрирани да ја завршат оваа обврска, за да може да конкурираат за наградите.

„Има доста клубови коишто се активни, но не се институционализирани и заради тоа не можат да конкурираат, не само во општината, туку и во другите институции и донатори. Затоа нека биде ова еден апел, да се институционализираат. Свесни сме дека најчесто пречка за регистрирање се финансиите, но спортистите треба да гледаат долгорочно, дека на тој начин губат многу “, рече Јакупи.

Во предлог Правилникот стои дека наградите од областа на спортот ќе се состојат во плакети, медали и парични средства. Ќе се доделуваат на најуспешни спортисти – мажи и жени, јуниори и јуниорки, тимови во машка и женска категорија, спортисти/спортско лице со попречености, спортско здружение – екипни и поединечни спортови, училишен тим како и спортист од Гостивар кој се натпреварува во странство. Кандидатите ќе ги рангира посебна комисија со пет члена, а висината на паричната награда ќе ја определува градоначалникот, врз основа на буџетот за спорт.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 51 минута

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 2 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 3 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 4 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 15 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 17 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 20 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 21 час

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 24 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена