Поврзи се со нас

Гостивар

СВР Тетово: Внимавајте, има злоупотреби на фотографии и клипови по Фејсбук и Инстаграм

Објавено

на

На поширокото тетовско-гостиварско подрачје продолжува појавата да се пријавуваат најразлични злоупотреби на лични податоци преку социјалните мрежи, пред се преку „Фејсбук“ и „Инстаграм“, предупреди Секторот за внатрешни работи Тетово. Од таму информираат дека најчесто се работи за објавување на фотографии, видео-клипови или навредливи текстови и пораки, кои се однесуваат на други лица, без нивна согласност и знаење.

СВР Тетово укажува дека злоупотребувањето на лични податоци претставува кривично дело, за кое е предвидена парична и затворска казна до една година.  Доколку злоупотребувањето го извршило службено лице при вршење служба, ќе се соочи со затворска казна од три месеци до три години.

„Се апелира до корисниците на социјалните мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, но и од невнимателно споделување на  лични податоци, без при тоа адекватно да ги заштитат, посебно при контакти со  непознати лица од други места или држави, при учества во фиктивни наградни игри со лажни добивки и при практикување на „онлајн нарачки“.Ова, во прв ред се однесува на малолетни лица, за да се заштитат од злоупотреба на нивните споделени фотографии или други податоци.“, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена