Гостивар
Ученици од Гостивар во посета на НП Маврово по повод Денот на заштита на Динаридите
Со едукативна тура за ученици, Јавната установа Национален парк „Маврово“ го одбележа 7. Октомври – Ден на заштита на Динаридите, еден од најголемите планински ланци во Европа кој поврзува осум држави во југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија.
Гости на НП Маврово беа ученици од О.У. „Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар, а турата се спроведе по патеката на Петко и шумските жители, која се наоѓа во репродуктивниот центар за Балкански елен во Бунец. Преку игра и забава децата се запознаа со растителниот и животинскиот свет во НП Маврово, а им беше претставено и значењето на заштитените подрачја, нивното зачувување и унапредување на животната средина.
„Децата се наши пријатели, тие многу добро ја разбираат важноста на заштитените подрачја и заедно ќе успееме да ја подигнеме свеста за заштита и унапредување на животната средина. Ние како установа со задоволство ќе продолжиме да организираме вакви едукативни тури за најмладите“, велат од НП Маврово.
Денот на заштита на Динаридите (Динарскиот лак) е востановен годинава на 29 мај на Генерално собрание на „Парковите Динариди – мрежа на заштитени области на Динаридите“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница