Поврзи се со нас

Гостивар

АФПЗРР: Почна аплицирањето за субвенции за произведено и предадено млеко

Објавено

на

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите млекопроизводители дека започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко, трета фаза млеко, односно, за произведено и предадено млеко во периодот од мај до септември 2019- та година.

Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски најдоцна до 5- ти ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.

Од АФПЗРР потсетуваат, дека до 5- ти ноември е рокот и за поднесување на барања за субвенции за амортизирани несилки заклани во регистриран кланични капацитети во период мај – септември 2019 година. Висината на поддршката за оваа мерка е 125 денари за заклани и предадени несилки во регистрирани капацитети.

Сите кои имаат произведено и предадено млеко од мај до септември оваа година или во истиот период имаат одгледани и заклани несилки, од денеска до 5- ти ноември ќе може своите барања да ги достават со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на полето „Директни плаќања-е барање“. Откако ќе пристапат во системот, ќе може да го креираат електронското барање.

Оние фармери кои не можат сами да креираат е- барање или имаат потреба од помош за креирање на барањата може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 4 минути

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 2 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 5 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 7 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 9 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 10 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 11 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 12 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 13 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена