Гостивар
Дерби на колото се игра во „Младост“: КК Гостивар – Кожув (недела, 17.30 часот)
Кошаркарската публика во Гостивар по одличното отворање на сезоната на „бело-сините“ (3 победи, 1 пораз) со нетрпение го чека утрешниот натпревар против екипата на Кожув.
Во „Младост“ гостува екипа која претендира пласман помеѓу првите четири екипи на табелета и може да се рече дека е директен конкурент на КК Гостивар. Гевгеличани за оваа сезона имаат големи амбиции, ако се земе во предвид фактот дека овој Кожув е производот на фузијата помеѓу Кожув и Блокотехна, два успешни клуба претопени во еден, реалност е да се удвоени и буџетот и апетитите. Кожув има скор од 3 победи и 1 пораз, ги добија Вардар, Еуроникел и МЗТ 2, загубија од шампионот МЗТ Скопје.
КК Гостивар, кошаркарскиот клуб од западниот дел на земјава, кој нема фузии, финансиски инекции, удвоени буџети со сигурност може да кажеме е најголемото освежување на кошаркарската мапа изминативе години. Бело-сина боја, преполна сала, еуфоричната атмосфера, непредвидливите натпревари во кој нема фаворити станаа препознатлив белег на градот. Во недела избраниците на Србиноски, ќе имаат можност да ја продолжат мини победничката серија против незгодниот Кожув. Во досегашниот дел гостиварци ги совладаа ФМП, МЗТ Скопје и Вардар, пораз од Работнички во второто коло.
Статистиката од меѓусебните пресметки на овие два клуба е на страна на гостиварци, од шест меѓусебни дуели КК Гостивар има 5, Кожув 1 победа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот