Поврзи се со нас

Занимливости

Дали сте ранобудни или „ноќни птици“?

Објавено

на

Велат „кој рано рани, две среќи граби“ и дека тие (ранобудните) се поздрави, побогати, а со тоа и помудри. Но, според едно ново истражување што беше објавено во „Nature Communications“, дали ќе бидеме ранобудни или не, не е едноставно работа на избор, туку тоа е одредено од нашата ДНК. Истражувачите откриле 15 локации во ДНК (локуси) кои се поврзани со ранобудноста, од кои седум се поврзани со регулацијата на  циркадниот (дневноноќниот) ритам на телото.

Во истражувањето биле опфатени околу 90.000 лица, кои дале согласност за испитување на нивната ДНК, преку  примерок од плунка. Секој од учесниците одговорил на две одделни анкети каде било поставено истото прашање: Дали сте повеќе „ранобудни“ или „ноќни птици“?

Мнозинството од учесниците (56 отсто) се сметале себеси за „ноќни птици“, додека жените и мажите над 60 години повеќе биле ранобудни.

Кај ранобудните лица имало помала веројатност да патат од несоница или да им се потребни повеќе од 8 часа сон дневно, како и помала веројатност за депресија отколку лицата кои се изјасниле дека се „ноќни птици“.

Истражувачите исто така откриле дека, кога ќе се земе во обѕир староста и полот, ранобудните лица имале помал индекс на телесна маса (иако не е јасно дали е ова причински поврзано).

Споредбата на резултатите од анкетата и анализата на гените покажала постоење на генетски модели помеѓу ранобудните лица и „ноќните птици“, особено во 15 генетски варијанти. Со секоја дополнителна варијанта, веројатноста на учесниците да спаѓаат во групата ранобудни се зголемувала за 5 до 25 проценти, покажале наодите.

Иако истражувањето успешно покажало постоење на гени поврзани со тоа дали некој ќе биде ранобуден или не, истражувачите признаваат дека постојат некои ограничувања во истражувањето. Особено, одговорите на прашањата од анкетата се субјективни, бидејќи секој има сопствена дефиниција за тоа што означуваат овие поими.

Сепак ако овие резултати се точни, тие би можеле да им помогнат на докторите да ги применуваат своите третмани врз основа на тоа кога пациентите се најактивни, дали наутро или навечер.

Па, „ноќни птици“, кога следниот пат ќе се разбудите рано наутро и ќе ви текне на поговорката, утешете се дека тоа е работа на вашата ДНК и слободно отспијте уште малку.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 11 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 15 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 16 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 19 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 20 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 21 час

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 22 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена