Вкупниот промет за време на 24-часовното тргување на „Денот на самци“ на кинескиот гигант, Алибаба изнесува вкупно 38,4 милијарди долари. Тоа е повќе од заедничкиот промет на црн петок и сајбер понеделник во САД.
Вредноста на прометот, го надмина минатогодишниот рекорд од 213,5 милијарди јуани (скоро 30,5 милијарди американски долари), пренесува CNBC.
Вчера беше 11 издание на шопинг фестивалот „Ден на самци“ кој уште се нарекува и двојно 11, бидејќи се одржува секоја година на 11.11. Дека бројките ќе бидат големи најави самиот почеток на продажбата, кога за една минута и 8 секунди се заврте првата милијарда долари.
Меѓу најбараните производи се телефоните Mate 30 Pro, нејзината 5G верзија како и iPhone 11 Pro и Pro Max.