Вести
Проектот „Бегалец сега-човек секогаш“ во Гостивар
На градскиот плоштад во Гостивар поставена е инсталација од повеќе различни елементи, преку кои се цели да се подигне свеста кај граѓаните за проблемите и потребите на бегалците и да се поттикне хуманоста. Активностите се дел од проектот „Бегалец сега-човек секогаш“ што го спроведува Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации, УНХЦР во соработка со Центарот за човекови права и Центарот за истражување, образование и развој од Скопје.
„Бегалците се луѓе и тие некогаш, пред да ја напуштат својата земја имале живот како секој од нас. Но, сето тоа го изгубиле, не по своја вина. Затоа им е потребна нашата несебична помош и поддршка. Сакам да им заблагодарам на граѓаните од Гостивар што покажуваат свесност и ангажираност за проблемите на бегалците и што успешно ги спроведуваат предвидените активности, изјави претставникот на УНХЦР, Мохамад Ариф.
Инсталацијата останува поставена на гостиварскиот плоштад до утре.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар