Вести
КК Гостивар загуби од Куманово 72:85
Кошаркарите на Кошаркарскиот клуб Гостивар, го доживаа вториот пораз сезонава, прв пред домашна публика во „Младост“. Загубија од екипата на Куманово со резулат 72:85.
Гостиварци добро го отворија мечот добивајќи ја првата четвртина (24:18), но тоа беше се што прикажаа на натпреварот. Вториот период заврши изедначено (18:18), на паузата се замина со +6 за домаќините, 42:36.
Второто полувреме целосно им припадна на гостите од Куманово, третиот период го добија со (13:26), последниот (17:23).
Четириесте скокови, одличниот шут за три и високиот процент на реализација за два поени, само ја потврдуваат добрата партија на кумановци која ја прикажаа во „Младост“. Кај Гостивар, Донован Доналдсон беше единствената светла точка, постигнувајќи 38 поени.
Марковски со 24 и Јаневски со 23 поени беа најефикасни кај екипата на Куманово.
Покрај Доналдсон 38, Џелетовиќ постина 14, Ре.Димитриевски 8, Тасовски 6, Димчевски и Вучковиќ по 3 поени за „бело-сините“ од Гостивар.
Во следното коло КК Гостивар му гостува на Пелистер во Битола.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот