Поврзи се со нас

Гостивар

Производи кои биле измислени за сосема друга намена, а денес тешко дека би можеле без нив

Објавено

на

Постојат некои производи кои се користат денес, но не за она за што првично биле наменети.

Пронајдоците понекогаш, колку и да изгледаат брилијантно направени или измислени, не секогаш успеваат  нивната најдобра употреба да биде откриена на почетокот на „кариерата“ …

Така е и со овој мал список на производи за кои пишуваме. Наведените производи првично се осмислени и наменети за една потреба, за подоцна со тек на времето докажат дека се многу поефикасни за нешто друго, што го потврдува нивниот огромен успех на пазарот.

WD-40

Основачот на Rocket Chemical, Др.Норм Ларсен во 1953 се обидувал да направи течност што ќе го спречи ‘рѓосувањето на нуклеарните ракети. За време на Студената војна, американската влада се плашеше дека нејзиниот арсенал нема да работи најдобро токму тогаш кога ќе биде потребно. Спрејот WD-40 бил 40-ти на листата на превентивни против ‘рѓа, а подоцна се покажал како најдобар и најефикасен. Дури и денес, WD-40 се купува за подмачкување на велосипедскиот ланец, запечени шрафови, врати, итн.

Вијагра

Група научници од лабораторијата „Пфизер“ во Кент го произведоа лекот „Силденафил“, за лекување на ангина. Клиничките тестови во Свонси покажале дека овој лек нема никаков ефект врз срцето и ангината, но на има на „друг човечки орган“. Благодарение на брзата идеја на одделот за маркетинг, виаграта за брзо започна да се продава низ целиот свет. Во 2008 година, Пфизер продадоа вијагра во вредност од скоро 2 милијарди американски долари. Но, патентот за вијагра протече во Европа, па така сега различни компании ги продаваат своите верзии за таа секс пилула.

Фолија со воздушни меурчиња

Инженерите од New Jersey измислиле фолија со воздушни меурчиња во 1957 година со поставување на туш завеса оставајќи воздушни меури меѓу нив. Нивната цел била да создадат нови тапети, идеја која не била прифатена. После тоа, тие станаа нешто поуспешни во продажба на фолија со воздушни меурчиња како изолација за стакленици. Но, на крајот, искусија вистински успех кога продадоа фолија со воздушни меурчиња на IBM за пакување компјутери. Sealed Air Corporation буквално процвета по „компјутерскиот бум“ на продажба на персонални компјутери.

Опругата Slinky

Инженерот Ричард Џејмс работел во Филаделфија во 1943 година на опруга што може да ги држи стабилни чувствителните инструменти на бродовите за време на невреме. Случајно една од опругите му паднала од столот и видел интересен ефект. Потоа, опругата Slinky беше продадена како играчка во 300 милиони примероци. Исто така, за време на војната во Виетнам користена е како преносна радио антена, но и како музички инструмент во изведбата на „Звуците на Венеција“ на Cон Кејџ.

Кока Кола

Кока Кола е еден од најпопуларните брендови и најпопуларен пијалок во светот денес, направен од вода, десет лажички шеќер, фосфорна киселина и карамела додаток E150d. Првично Кока Кола е произведувана како лек. Пронаоѓачот Џон Пембертон успеал да продаде чаша Кока Кола за пет центи како лек против зависност од морфиум, главоболка и импотенција. И само неколку децении подоцна, Кока кола е безалкохолен пијалок за кој сите знаат.

Хартиени марамчиња

Во текот на раните деведесети, Кимберли-Кларк произведе нова санитарна крпа на Котекс, која не беше успешна на пазарот. После тоа измислена е Kleeenex, ладна крпа за еднократна употреба со крема, дизајнирана и користена од жените за отстранување на шминка. Рекламирањето започна во 1925 година како „тајната со која славните личности ја одржуваат својата кожа убава“. Кога истиот тој производ започна да се продава како марамче за нос, се постигна голем успех на светскиот пазар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 55 минути

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 8 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 10 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 13 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 13 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 13 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 14 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена