Гостивар
Отворени денови во ДЗЛП: Совети при злоупотреба на лични податоци, фотографии, видеа, лажни профили на социјалните мрежи…
Дирекцијата за заштита на личните податоци од денес (28 јануари) до 31 јануари, организира Отворени денови со граѓаните со цел да ги информира и советува како да ги заштитат своите лични податоци и што да прават во случаи на злоупотреба.
„Ги покануваме граѓаните во нашите простории од 8.30 до 16.30 часот доколку имаат прашања за: злоупотреба на име и презиме, единствен матичен број, адреса, телефонски број, трансакциска сметка итн. Неовластено објавување на фотографија, видео или аудио снимка или други лични податоци ако се дел од збирка на лични податоци.За креиран лажен профил на социјалните мрежи со ваше име или фотографија. Доколку сметате дека некаде неовластено ве снимаат со камери или како да спроведете видео надзор според прописите за заштита на личните податоци. Доколку се сомневате дека ви земаат копија од лични документи (лична карта, пасош) без законска основа. За секоја друга можна злоупотреба на личните податоци или повреда на вашата приватност.“, соопшти ДЗЛП.
Инаку, 28 јануари се одбележува како Европски ден на заштита на личните податоци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ