Поврзи се со нас

Гостивар

Заловена уште една убавица рисица, овој пат во НП Маврово близу Ростуше

Објавено

на

Македонското еколошко друштво информираше дека заедно со Националниот парк „Маврово“ со помош на кафез-замка, на 24 февруари 2020 година заловиле нова единка балкански рис на планината Бистра во близина на село Ростуше.

„Се работи за рисица на возраст 6–7 години, тешка 15 kg. Единката е здрава и витална, а тоа го потврдува и првиот најден плен на терен – срна, само три дена по заловувањето. Рисицата е крстена Лиса по желба на нашите долгогодишни соработници од НП „Маврово“ и е третата женка означена со околувратник во досегашните мониторинг сесии на МЕД. Досега со радиотелеметрија и GPS-лоцирање се заловенидевет различни единки рис во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година.“, соопштија од МЕД.

Во постапката за успивањето на животното и земањето биометриски податоци и примероци асистирал претставник од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, биолог вработен во НП „Харц“, Германија како и вработени во Националниот Парк „Маврово“.

Од дурштвото напоменаа дека фотографиите од ова заловување се направени од Себастијан Кенеркнехт (Sebastian Kennerknecht) од Германија, професионален фотограф за диви животни (https://www.pumapix.com/about/)

Околувратникот ќе обезбеди нови информации за распространувањето и однесувањето на ова критично загрозено животно.

На Балканот се проценува  дека има уште 40 возрасни единки на балкански рис, којшто според Меѓународната унија за зачувување на природа (IUCN) е животно со критично загрозен статус.

Оваа сезона првата рисица беше заловена кај Стража.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 7 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 8 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 16 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 23 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена