Вести
Филипче: Владата донесе одлука да не работат училиштата и градинките следните 14 дена
Училиштата, градинките и факултетите нема да работат во наредните 14 дена, како заштита од ширење на коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, информира дека Владата ја донела оваа одлука на денешната седница, односно го прифатила предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести.
Сите масовни собири со над 1.000 лица се забрануваат, а спортските настани ќе се одржуваат без публика.
Во врска со состојбата на заболените министерот соопшти: „Тројцата новозаболените се сместени на Клиниката за инфективни болести, каде се и останатите пациенти. Сите пациенти имаат лесна клиничка слика, а првата пациентка е целосно стабилизирана. Очекуваме резултати од контролен тест, првиот направен беше негативен. Се тестира уште една пациентка, се работи за 16 годишна пациентка со неспецифични знаци на респираторна болест.“
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!