Вести
Ако не ве ослободуваат од работа за да го чувате детето пријавете на 151 31
Доколку работодавците не ја почитуваат препораката за ослободување од работни обврски на родител на деца до 10 годишна возраст, случајот да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Надлежните повикаа и вработените и работодавачите строго да се придружуваат до мерките кои се донесени за превенција од ширење на коронавирус.
Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува.
Министерството информира и дека ослободувањето од работни активности важи и за родители на деца/лица со попреченост и над 10 годишна возраст. Родителите е потребно по истиот принцип да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок