Гостивар
Ова се вика изолација! Буре што плови каде социјално ќе се изолирате од сите
Salty Seahorse е името на уникатната и интересна понуда која може да се најде на Airbnb, а се состои од буре што плови и може да смести максимум до две лица.
За време на корнавирус пандемијата, се препорачува социјална оддалеченост, односно еден до два метра оддалечени од другите луѓе. И додека повеќето се затвораат во своите домови, ние би биле среќни да се изолираме во ова буре во солена вода, кое ве чека на марината во Ки Ларго, Флорида.
Бурето, всушност е пренаменето во соба за спиење со голем кревет сместено на пловечка платформа и поглед кон Мексичкиот Залив.
Исто така, има и мијалник, бар со две столчиња со чадор, може да се користи и скарата, гледате како делфините, тропските риби, манатите и другите домородни птици и животински свет поминуваат пред вас, а кога ќе ви здосади тоа, може да вклучите и телевизор.
Напојувњето е преку соларна енергија, а просторот е наменет за ентузијасти и љубители на кампувањето. Ноќевање во овој необичен простор ќе ве чини околу 8.600 денари. Комарците се вклучени во цената.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот