Гостивар
Коронакризата го зачести семејното насилство во Гостивар, нетрпението и нервозите во домот ескалираат
Во услови на вонредна состојба и забрани за движење поради коронавирусот, зачестува појавата на семејно насилство на гостиварското подрачје. Стресот е голем, а нетрпението и нервозите во домот ескалираат. Социјалните служби потврдуваат дека изминатите месец дена има зголемен број на пријавувања на малтретирање во кругот на семејството. Нивните тимови работеле со десетина жртви.
Во најголемиот дел од случаите, станува збор за брачни или партнерски заедници каде проблемот го имало и порано, но сега е засилен со оглед дека луѓето се затворени во домовите и не смеат да излегуваат долги периоди.
„Не дека семејното насилство е нешто ново, ние континуирано работиме на такви случаи, но сега кога партнерите се постојано заедно, затворени дома, стресот расте и почесто избувнува проблем.“, вели Надица Величкоска, директор на гостиварскиот Центар за социјала.
Жртвите на семејно насилство може непречено да се движат до најблиската полициска станица за да го пријават случајот и во време на полициски час и за тоа не им е потребна посебна дозвола.
Било форма на семејно насилство или насилство од партнер може да се пријави и на 192, и преку СОС линиите
070/075/077 141 700
Проблемот е актуелен и на глобално ниво и за него деновиве предупреди и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. „Многу жени и девојчиња, се изложени на најголем ризик онаму каде што треба да бидат најбезбедни – во нивните домови.“, нагласи тој повикувајќи ги владите ширум светот да обезбедат континуирано гонење на насилниците, да воспостават кризни системи во аптеките и продавниците и да ги прогласат засолништата за основна услуга.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!