Гостивар
Се крати и од наградите за граѓаните, намален наградниот фонд за „Мој ДДВ“
Владата на последната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда“ и пренамена на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија наменета за донации од правни и физички лица за справување со КОВИД-19 епидемијата.
Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија на Република Северна Македонија да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и ја задолжи Државна лотарија на Република Северна Македонија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!