Поврзи се со нас

Гостивар

МЗ: На гостиварско подрачје нов случај, 19 новозаболени на државно ниво

Објавено

на

Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1. Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386.

Министерството за здравство информира дека оздравени се 126 пациенти. Во Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.

На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкуоно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена