Поврзи се со нас

Гостивар

Во Маврово и Ростуше 14 граѓани се во самоизолација, најавена дезинфекција на објекти

Објавено

на

На подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, вкупно 14 лица се во самоизолација, од кои две претходно биле во двонеделен државен карантин. Во оваа општина изминатите денови беа регистрирани првите два случаи на коронавирус и тоа кај жители на селата Пристојница и Ростуше.

Кризниот штаб за справување со коронавирусот, информираше дека едниот позитивен пациент е дома во самоизолација и е во добра здравствена состојба, без симптоми, додека другиот е на лекување во Инфективната клиника во Скопје.

„Во постојан контакт сме со двајцата наши сограѓани, и за среќа и двајцата се во добра здраствена состојба. Исто така, сме во постојана комуникација со епидемиолозите од Клиниката во Скопје и Општата болница во Гостивар, од каде добиваме информации за нивната здраствена состојба како и совети како да постапуваме за превентивно делување со лицата кои биле во непосреден контакт со инфицираните. Ги замолуваме граѓаните строго да се придржуваат кон препораките дадени од страна на Министерството за Здравство, задолжително да носат заштитни маски, да ги мијат рацете почесто, да избегнуваат одење по гости, да не се собираат во групи, да одржуваат растојание од 2 метри, да избегнуваат патување во другите градови.“, соопштија од Кризниот штаб.

Надлежните најавуваат дека во текот на оваа работна недела, ќе се изврши дезинфекција на сите институции кои се од јавен интерес. Минатиот месец беше спроведена дезинфекција на центарите на населените места и селските улици во.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена