Гостивар
Во Гостивар годинава се родиле 198 бебиња, трудница со симптоми на коронавирус до сега немало
Во Гостивар годинава се родиле помалку бебиња во споредба со лани, истиот период. Но, опаѓањето на наталитетот не се поврзува со пандемијата на Ковид 19, туку со тренд кој владее последната декада. Младите се иселуваат во странство, а тие што остануваат потешко се решаваат да имаат повеќе деца.
Гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница функционира со нормално темпо и до сега немало трудница со симптоми на корона.
„Забележуваме мал пад на раѓањата за разлика од лани, но тоа не е поради пандемијата со коронавирусот, туку општите трендови. За жал од година на година, имаме намалување на новороденчињата. Лани истиот период имало 218 породувања, а сега оваа бројка изнесува 198. Сме немале пациентка со симптоми на Ковид 19, а секако на нашето одделение се преземаат мерките на претпазливост коишто се препорачани од Комисијата за заразни болести, како редовна дезинфекција, носење заштитна опрема и слично“, изјави д-р Агим Јакупи, раководител на гинеколошко-акушерско одделение во болница во Гостивар.
Она што загрижува во последните години е зголемениот број на спонтани абортуси. Во евиденцијата на гостиварската болница, од почетокот на 2020-та ги имало триесетина. Гинеколозите велат дека е тешко да се определат точните причини за тоа, но сметаат дека бремените жени мора да обрнат поголемо внимание на текот на бременоста и да ги вршат редовните контроли.
„Упатуваме апел до сите трудници кои дали поради ситуацијата со коронавирусот или до други причини, не ги вршеле редовните прегледи, тоа да го прават кај матичните гинеколози, за да се спречат несакани последици. Се разбира и ние како одделение им стоиме на располагање, за секаков совет, консултации и прегледи“, вели Јакупи.
Минатата година во одделението за водење на матична евиденција во Гостивар биле запишани 1.103 бебиња. Од нив, над 450 се родиле во странство од наши граѓани, коишто потоа ги пријавиле во овдешната матична служба. Останатите бебиња биле родени во гостиварската болница или во болниците во Скопје и Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!