Гостивар
Гасоводот Скопје-Гостивар „жешка“ тема меѓу опозицијата и власта
Изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар стана предмет на политичка кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ и власта. Опозиционерите обвинија дека Владата и Министерството за транспорт и врски ги пробиле сите рокови и доцнат со гасификацијата. Проектот требаше да биде завршен во декември, минатата година, рече на прес конференција Елена Маркова Велинова, претседател на комисијата за енергетика на ДПМНЕ.
„Овој гасовод не само што не е завршен, туку фактичката состојба е дека ниту половина од работите не се завршени. Гасификацијата не е работа која ја започна СДСМ, туку тоа е проект на ВМРО-ДПМНЕ. Проект за кој беа обезбедени финансиски средства и беше изработена проектна документација за три гасоводи во вкупна должина од 145 километри. СДСМ во овие повеќе од три години власт не изгради ниту 1 метар дистрибутивна мрежа за природен гас во општините во Македонија.“, нагласи Маркова Велинова.
Од Министерството за транспорт и врски одговорија дека гасификацијата е приоритетен проект на актуелната Влада, но е еден од многуте наследен од претходната предводена од ДПМНЕ со бројни проблеми и нерешени имотно правни работи.
Во нивната реакција се вели: „Изградбата на гасоводната магистрала од Скопје до Гостивар се одвива непрекинато со забрзана динамика и уверуваме дека оваа година ќе биде завршена. Инаку, изградбата на овој гасовод ја затекнавме со 15% реализација и нерешена експропријација. Доколку претходната Влада била посветена на овој проект како што тврдат, граѓаните ќе го почувствувале бенефитот од гасот.“
Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар е во вкупна должина од 86 километри, со финансиска рамка од околу 30 милиони евра.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар