Вести
Почина херојот на шампионски “КК Никол Ферт” – Јосип Сичиќ
Еден од најдобрите, ако не и најдобриот странски кошаркар кој настапуваше за гостиварски Никол Ферт и еден од најдобрите луѓе воопшто кои некогаш биле дел од македонската кошаркарка, Хрватот, Јосип Сичиќ, почина вчера во Задар на 45 години.
Сичиќ ја загуби битката со тешката болест која ја водеше во последните година и пол од својот живот.
Својата кошаркарска кариера ја започна во Задар, а кошаркарскиот пат го доведе и во Македонија каде беше соиграч со подоцнежниот капитен на неговата матична екипа од Хрватска, Тодор Гечевски. Сичиќ остави голема трага во македонската кошаркарска историја како дел од екипата на Никол Ферт во времето кога гостиварскиот тим ја прекина доминацијата на Работнички.
Јосип Сичиќ беше дел од шамионската екипа на Никол Ферт, која го освои шампионатот 1999/2000 година. Неговите тројки и неколкуте одлучувачки кошеви во последните секунди засекогаш ќе останат во спомените на гостиварската публика.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот