Гостивар
Гостивар: Казни за 13 лица кои не носеле маски и за 2 кои прекршиле полициски час
Според последните податоци од Секторот за внатрешни работи Тетово, во изминатото деноноќие за непочитување на мерката за задолжително носење на заштитни маски, биле издадени казнени платни налози за 13 лица во Гостивар и 28 во Тетово.
Во гостиварско евидентирани се две прекршувања на забраната за движење, односно полицискиот час, а во тетовско 5. Лицата се соочуваат со кривична пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал нови решенија за изолација на вкупно 48 лица. Од нив 7 се во Гостивар и 41 во Тетово. Полицијата контролирала и 104 лица со решенија за изолација на гостиварско подрачје. Со оглед дека на сила е викенд карантин, такви контроли во Тетово не се спроведени.
Изјави за самоизолација потпишале 10 лица во тетовско и 11 во гостиварско, каде контрола била извршена на 47 лице со претходно потпишани изјави.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ