Поврзи се со нас

Гостивар

Прес на СДСМ Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, а Мицкоски прекршува мерки

Објавено

на

Општинската организација на СДСМ во Гостивар преку прес конференција реагираше кон политичките опоненти за прашања врзани со актуелните состојби со пандемијата.

„Христијан Мицкоски беше жив фатен како ги прекршува прописите во време на пандемија додека со часови седел во затворен дел од ресторан, кој заради заштита од вирусот не смеел да работи. Според информации објавени од МВР,полициски структури дошле до ресторанот каде седел Мицкоски, во обид да го спасат од одговорност. Имало и обид да се скријат камерите на кои се гледа како Мицкоски ги крши мерките за заштита од Ковид. Ваквата операција да се скријат доказите докажува дека Мицкоски многу добро знаел дека не смеел да биде во затворен дел од ресторан и дека со тоа кршел забрани. Не е точно неговото тврдење дека не бил доволно информиран со протоколите. Ова однесување на Мицкоски освен што енезрело и неодговорно, во истовреме е и опасно по здравјето на граѓаните. За него поважни се кафеаните и теретаните, отколку јавното здравје.“, нагласи Драгољуб Филипоски, претседател на СДСМ во Гостивар.

Од партијата потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да одговорат на одредени прашања како: Со кого Мицкоски седел внатре во ресторанот и дали тоа биле повеќе од двајца на една иста маса? Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зекиров, добро познат лик, поранешен член на обезбедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек? Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразознавање? Дали станува збор за тајна средба, па затоа и персоналот на ресторанот со часови не дозволувал пристап наинспекторите?

„Во време на оваа сериозна здравствено-економска криза Мицкоски останува запаметен како фактор на деструкција, човек кој свесно и намерно ги прекршува мерките и задолженијата и со тоа го загрозува јавното здравје.Целата јавност гледа како во време на сериозна здравствена закана Мицкоски вежбаше во теретани, групно се качуваше на Водно, а на крај лумпувал во кафеани во дел кој не смееда работи. За сето време ВМРО-ДПМНЕ глумат загриженост за јавното здравје додека нивниот шеф свесно ги прекршува мерките и задолженијата.“, рече Филипоски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена