Поврзи се со нас

Гостивар

Кризен штаб Гостивар: Изборите носат ризик, најважно е да се почитуваат мерките

Објавено

на

Денес не се регистрирани новозаболени со Ковид во гостиварскиот регион. Сепак, Меѓуопштинскиот кризен штаб го оцени периодот што следува како ризичен и со зголемена можност за ширење на вирусот, поради изборниот процес.

Во дискусиите беше речено дека може да се очекува и бројката на заболени да се дуплира.  Какви ќе бидат состојбите зависи од одговорноста на граѓаните, политичките партии при спроведување на кампањата и институциите вклучени во изборите.

„Со оглед дека веќе сме во предизборен период и се знае датумот на избори, следи период кој може да биде многу ризичен. Изборите мора да се одржат, а би препорачал сите институции коишто сме во Кризниот штаб и граѓаните да внимаваат и стрикно да се придржуваат до протоколите за изборите и кампањата за да ги намалиме ризиците“, нагласи градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

На состанокот се разгледа и проблемот со создавање на гужви кој деновиве е актуелен околу банките, најмногу поради издавањето на платежните картички. И во однос на ова беше испратен апел да се обрнува поголемо внимание на задолжителното носење на маски и одржување дистанца.

Од 47 активно болни во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше, на инфективното одделение во гостиварската болница моментално хоспитализирани се седум. Неколку пациенти од подрачјево чија состојба се влошила деновиве биле препратени на третман во Скопје.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена