Парламентарни избори 2020
СДСМ Гостивар: Изборите на 15 јули се за спас на државата, за функционални институции
„СДСМ е носител на одговорна власт. Нашата одговорност е потврдена во континуитет, се потврдува и сега. Затоа, преземаме чекор за да им олесниме на сите граѓани веднаш да заврши оваа игра на нерви од која најмногу страда народот.
Ни треба активно Собрание – домот на демократијата, домот на народните претставници мора да биде активен.Ни треба целосно фунцкионална политичка влада. Тоа треба да им го озовоможиме на сите, пред се на граѓаните, а потоа и на власта и на опозицијата.
Мораме да си ги спасиме државата и народот од каков било ризик од дополнително влошување на ситуацијата. Поголема криза од ова нема да можеме да издржиме со техничка влада и без Собрание.
Изборите се за спас на државата, 15 јули е денот за одлука на граѓаните
За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучивме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата.Во таква ситуација, изборниот ден ќе биде на 15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани.13-ти и 14-ти јули односно понеделник и вторник ќе бидат денови за гласање на болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот дома или во болници, сите што се во само-изолација и сите хронично болни граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12-ти јули, недела.
Ова е за спас на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава.
15 јули е ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме. 15 јули е ден на кој граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција.
Мицкоски ќе ја добие казната од граѓаните за неговото неодговорно и незрело однесување
Во време на сериозна пандемија Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како незрел, несериозен и неодговорен политичар чие однесување е закана за јавното здравје. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку прекршување на забраните, преку деструктивното однесување, преку лажните вести се обидуваа да го саботираат и здравствениот и економскиот и политичкиот систем. Граѓаните многу добро гледаат кој е одговорен, а кој не, кој се грижи за граѓаните, а кој не. Затоа, на 15 јули, Мицкоски ќе ја добие казната од граѓаните за неговото неодговорно и незрело однесување кое е на штета на државата
ВЕТУВАМЕ ОДГОВОРНА КАМПАЊА ВО КОЈА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ЃЕ БИДЕ ПРВ ПРИОРИТЕТ
СДСМ ќе води одговорна кампања како што и доликува на државотворна и зрела партија. Сите наши активности во следниот период ќе бидат исклучително организирани и спроведени почитувајќи ги мерките за заштита. Како што одговорно се однесувавме во епидемијата, како што одговорно се бориме со пандемијата штитејќи го јавното здравје, така одговорно ја водиме кампањата. СДСМ докажа дека знае и умее да делува во интерес на граѓаните, така ќе се однесуваме и во кампањата. Ги откажуваме митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани, на сметка на други активности со кои ќе ја испратиме нашата порака, но и ќе го заштитиме здравјето на нашите активисти, членови и на сите граѓани.“
Соопштение на ОО СДСМ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница