Рецепти
Идеална за недела – Домашна пита со месо
Неделниот ден е секогаш добра прилика да семејството да се собере на заедничка трпеза, а домот да замириса на нешто месено. Денеска за вас издвојуваме еден едноставен рецепт за превкусна домашна пита со месо.
состојки:
4 јајца
1 филџан јогурт
4 филџани брашно
1 филџан масло
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка сол
состојки за фил:
300 гр. мелено месо
1 главица кромид
оригано
сол
бибер
2 јајца и 1 филџан кисела павлака за прелив
Подготовка:
Најпрво пропржете го ситно сецканиот кромид во тава со малку масло. Додадете го меленото месо и зачините. За тестото изматете ги јајцата, па додајте јогурт и масло. Потоа измешајте го брашното со прашок за печиво и додадете лажичка сол. Соединете ги смесите и ставете во тепсија. Одозгора нанесете го филот од месо и на крај преливот со измешаните јајца и павлака (рамномерно распоредете го преку месото). Ставете во рерна загреана на 220 степени и печете околу 30 минути.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!