Поврзи се со нас

Гостивар

Кризен штаб Гостивар: Состојбата со корона стана сериозна, заболени има од различни населби и села

Објавено

на

Трендот на зголемување на бројката на заразени со коронавирус на гостиварското подрачје кој почна минатата недела, на денешниот состанок на Меѓуопштинскиот Кризен штаб се оцени како сериозен.  Активно болни има вкупно 64, од кои 43 во Општина Гостивар, 20 во О.Врапчиште и 1 во О. Маврово и Ростуше.

Загрижува што заболени има од различни населби и села, што значи се отвораат нови кластери и расте ризикот од ширење на заразата.

„Во однос на другите градови со сличен број на жители, Гостивар има подобра состојба, но сепак последните показатели се сериозни. Би сакал да ги инфромирам граѓаните дека случаите се низ различни населби и различни села, што е загрижувачки. Според бројот на тестови и процентот на заболени, земјава е веќе во црвена фаза. Процентот на позитивни од тестирани, се движи од 15 до 20% секојдневно.“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и претседател на Кризниот штаб.

Институциите повторно апелираа на маскимална внимателност од граѓаните, држење дистанца, носење маски и редовна хигиена. Голем ризик се гледа и во изборната кампања, во рамки на која на собирите и средбите често не се почитуваат протоколите.

Според податоците изнесени на состанокот на Кризниот штаб, со решенија во изолација во регионот на Гостивар се наоѓаат 335 лица, од кои 35 се издадени во последното деноноќие.

Од почетокот на пандемијата до сега, од ковид заболеле 16 здравствени работници. Активно болни се лекар и медицинска сестра од службата за Итна медицинска помош.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена