Поврзи се со нас

Гостивар

Филипоски: На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите, нова развојна економија и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции

Објавено

на

„За две и пол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните. Направивме многу но можеме уште повеќе, можеме уште подобро. Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси, бидејќи знаеме и умееме.  Денес имаме  решенија за сите граѓани, решенија за иднината“, порача Драгољуб Филипоски, претседател на ОО СДСМ Гостивар и кандидат на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 6.

„Нашата понуда носи нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати. До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%. Креираме нови работни мести преку брза трансформација на македонската економија. Износ на странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите.

За 4 години, 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции. Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат. Продолжуваме да ги штитиме работните места, а по завршувањето на кризата и до крајот на мандатот ќе продолжиме да ја намалуваме невработеноста на ниво од 3% годишно. Нашата цел по крајот на кризата, ќе биде едноцифрена стапка на невработеност.

Платите во сите сектори ќе продолжат да растат. До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа ќе биде плата повисока за дури 120% од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година.

Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите многу побрзо од опонентите. Во следните 4 години тоа ќе правиме уште повеќе и уште подобро.

Пензиите ќе растат заедно со платите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%. Од една страна е концептот на СДСМ и парите кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која ги краде парите од граѓаните. СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот кога парите завршуваа во белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемена минимална плата. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа против покачување на пензиите. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа против проектот Мој ДДВ со кој за првпат државата враќа пари на сметките на граѓаните.

На 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети а не во белиот дворец.

На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите и нема да дозволат обнова на режимот кој ги крадеше парите“, додаде Филипоски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 7 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 9 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 12 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 14 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 16 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 17 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 18 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 20 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 20 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена