Гостивар
Во Гостивар до сега за гласање пријавени 18 болни и немоќни, ниту еден со ковид или во изолација
Болните од ковид-19 и лицата во изолација за да го остварат правото на глас на Парламентарните избори треба да се пријават во Општинските изборни комисии, преку полномошник, најдоцна до среда (8 јули) на полноќ. Дотогаш е рокот за пријавување и на другите болни и немоќни лица, кои сакаат да гласаат во своите домови. Тие до ОИК треба да достават соодветна медицинска документација со која ќе го поткрепат барањето.
До Општинската изборна комисија на Гостивар до сега пристигнале 18 пријави за гласање на болни и изнемоштени лица. Се уште нема ниту една пријава за гласање на пациент со ковид или за лице во изолација.
Гласањето на болните од ковид и оние во изолација ќе се спроведе на 13 јули (понеделник), додека наредниот ден на 14 јули (вторник) ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.
Главниот ден на гласање на изборите е 15 јули, кога гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот наутро се до 21 часот. Предвидено е изборниот процес да се одвива согласно задолжителните препораки и упатства усвоени од Државната изборна комисија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ