Гостивар
Забрането носење маски со партиски симболи на 15 јули во круг на гласачките места
Освен вообичаените пенкала, маици, капи, политичките партии годинава во своите предизборни материјали, ги додадоа и заштитните маски со партиски симболи. Со оглед дека носењето заштитна опрема е задолжително поради ковид пандемијата, партиите во тоа видоа добра можност за рекламирање. Сепак, на денот на гласањето таквите маски нема да може да се носат.
Државната изборна комисија соопшти дека на 15 јули е забрането носење на маски за медицинска заштита на кои има партиски симболи.
„Истото претставува политичка пропаганда и согласно тоа известено е Министерството за внатрешни работи, да овластените полициски службеници кои ќе го обезбедуваат избирачкото место, покрај во самата просторија определена за гласање, да не дозволуваат лица со вакви партиски симболи да влегуваат во просториите за гласање.“, извести ДИК.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок