Гостивар
Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ: И моите сограѓани Турци не се задоволни од оваа власт
Носителот на листата во 6 изборна единица од Коалицијата „Обнова на Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска со кандидатите за пратеници од листата, денес беше во посета на куќата на Ахмет Чако, објект од културно историско наследство на Гостивар.
„Од куќата на Чаковци, која денес ја посетивме заедно со Фуркан Чако и со останатите кандидати за пратеници, сакам да ги пренесам актуелните проблеми на моите сограѓани Турци, кои си ги чекаат своите роднини од гурбет или кои треба да заминат на работа во странство. Се жалат на хаосот кој владее во Министерството за надворешни работи, заради кој не можат ни едните, ни другите да тргнат на пат. Имало и случаи да тргнат, па од пола пат да ги вратат.
Затоа, не се задоволни од оваа власт. Бидејќи, не се снајде ниту со короната, ниту со економијата, ниту со дипломатијата.“, рече Стојаноска.
Како што посочи, со Коалицијата и партијата што ги предводи како носител на листата во ИЕ 6 ќе реализраат мерки и проекти подеднакво на сите граѓани.
„И додека едни партии излегуваат со исти препакувани лаги, додека други се закануваат со војни или со предизборни условувања, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата “Обнова на Македонија” се обврзува на мерки и проекти , подеднакво достапни за сите. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повеќе за секого, без разлика на партиска или етничка припадност. На 15-ти јули бројот 14 е избор за обнова, избор за секого, избор за исправена Македонија.“, истакна Стојаноска.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок