Поврзи се со нас

Гостивар

Иницијатива „Стоп Русино“ истрајна во ставот депонијата да се дислоцира!

Објавено

на

„Формирањето на регионално претпријатие за управување со отпадот е само можност да се легализира Русино, која ги труе гостиварци. Мора да има дислокација на депонијата“, ова беа дел од заклучоците од состанокот на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ што се одржа вчеравечер во летниот Амфитеатар во Гостивар.

Од иницијативата потврдија дека не отстапуваат од своите барања: Да сопре горењето на Русино, Затворање на Русино и наоѓање решение за отпадот во Русино да не ја загадува понатаму животната средина, Наоѓање нова локација за депонија која ќе се изгради по ЕУ стандарди.

„Нема да дозволиме Русино да стане официјално регионална депонија и тука да се фрла отпад од 9 општини. Дивата депонија Русино е со исполнет капацитет и несоодветна локација и нема логика да стане регионална и да продолжи да не труе. Одлучивме да се оствари средба после изборите со градоначалникот на Гостивар и кој вети дека заедно со нас ќе се заложи да се најде решение за Русино. На средбата ќе бидат повикани и инспекторите за животна средина, кои се должни да го кажат својот став за депонијата. Доколку на средбата не наидеме на поддршка за решавање на проблемот од локалната власт, следните чекори ќе бидат порадикални со протести и блокирање на Русино“, беше речено на состанокот.

 

фото: Небојша Петревски

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена