Рецепти
За љубителите на тиквици – ручек готов за само 20 минути
Едноставен, брз и вкусен ручек, кој особено ќе им се допадне на оние што ги сакаат тиквиците. Рецептот може и да го измените, па наместо тиквици на ист начин да подготвите модри патлиџани.
Состојки:
- 3 тиквици (малку поголеми)
- 2 лажички маслиново масло
- 3 млади кромитчиња
- гранче босилек
- 150 g изрендан ајдамер кашкавал
- 2 јајца
- 100 ml хопла за готвење
- 2 чешниња лук
- малку морско оревче
- сол, бибер
- по желба магдонос, блитва
- 2 лажици пармезан
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Тиквиците, измијте ги, исушете ги и исечете ги на тенки парчиња. Посолете.
- Исецкајте ги младите кромидчиња, исецкајте го босилекот и изрендајте го кашкавалот. Ако тиквиците пуштиле вода, малку исцедете ги и потоа промешајте ги со кромидчињата, босилекот и кашкавалот.
- Садот за печење премачкајте го со маслиновото масло па во него распоредете ги подготвените тиквици.
- Изматете ги јајцата, додадете ја хоплата, исецканиот лук, малку посолете и забиберете и додадете го морското оревче. Сето тоа прелијте го преку наредените тиквици.
- Печете во загреаната рерна 15 минути па потоа нанесете го пармезанот и печете уште некои 5 минути додека не добиете румена боја.
- Послужете го топло како самостојно јадење или како прилог.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!