Поврзи се со нас

Гостивар

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ итно ќе се зафати со решавање на проблемот со Русино

Објавено

на

На последниот ден од изборната кампања, носителот на листата во ИЕ 6 од Коалицијата „Обнова за Македонија“, Дафина Стојаноска од пред депонијата Русино во Гостивар порача дека по 15 јули, итно ќе се заложат за решавање на овој проблем.

„Што можам да изјавам од пред депонијата Русино, освен дека е потенцијалниот Чернобил во Гостивар и пошироко. Велат дека е виновна само локалната или само централната власт или и двете заедно. Јас велам дека не треба да се заборави и факторот човек. Во овој случај факторот и жртвата се исти, а тоа е човекот. Како носителка на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија”, во чија што програма една од шесте стратегиски определби е заштита и унапредување на животната средина, изјавувам дека итно ќе се зафатиме за решавање на прашањето на нерегулираните депонии, каква што е Русино, за жал. Во првите 100 дена од формирањето на владата ќе следи и безусловна забрана на увоз на опасен отпад. Владата ќе изработи и методологија за поддршка на регионалните центри за управување со отпад, што предвидува поставување преработувачки центри за секундарна селекција и добивање енергија и биогориво, сето ова во соработка со планските региони и единиците на локалната самоуправа. Клучниот збор лежи во соработката или поточно во немањето соработка изминативе години или децении. Имено, сдс може само да се потсети дека, освен протестите и ветувањата дека аерозагадувањето ќе се реши кога ВМРО-ДПМНЕ нема да биде власт, ништо друго не стори изминативе три години. За разлика од нив, во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ, се обезбедуваа средства за оваа и за останати теми од животната средина, но негде истите се реализираа од страна на локалните власти, а негде, за жал и се’уште, не. Така, ќе ги наведам: реализираната пречистителната станица за питка вода во Гостивср, 1.200.000 евра за водоводот во Тетово, 100 милиони денари за регулација на коритото на Вардар во Јегуновце, пречистителна станица во Теарце итн итн.“, рече Стојаноска.

Таа нагласи дека решението е во изградба на посебен канал за отпадните води и постројки за рециклажа на отпадот.

„Конечно, единствен начин да се реши проблемот со Русино, е да се изгради посебен канал за испуштање и третирање на отпадните води од отпадот. Во меѓувреме, да се најде и соодветна локација за да се инвестира во постројки за рециклажа на отпадот од Русино. Како што кажав претходно, за да се спроведе ова, потребно е поголемо залагање на централната власт (министерство за животна средина), но и соработка со локалната. ВМРО-ДПМНЕ нема да го избегне овој акутен и сериозно опасен проблем за Гостивар и цела ИЕ6, туку активно и итно ќе се заземе за изнаоѓање решение на истиот. Обнова мора да има и за ова прашање. Таа доаѓа од 15-ти јули“, изјави носителката на листата од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 11 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 13 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 16 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 17 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 20 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 21 час

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 22 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 23 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 24 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена