Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар денес гласаат 26 заболени со ковид и лица со решенија за изолација

Објавено

на

Денес, според правилата за Парламентарните избори 2020, гласаат заболени од ковид и лица со решенија за изолација, кои се пријавиле да го остварат правото на глас до 8 јули.

Според информациите од Општинската изборна комисија, во Гостивар вкупно се пријавиле 31, од кои 26 ги исполнувале условите и им е одобрено гласањето. Изборниот процес кај нив го спроведуваат посебни одбори, составени од здравствени работници, под засилени мерки на заштита од коронавирус.

„Овие одбори ги формираше Државната изборна комисија, за разлика од другите кои ги формираме ние, како општинска комисија. Утрово се направи примопредавањето на материјалот кај посебните одбори и тие се на терен да го спроведат гласањето кај граѓаните во домашна изолација. Процедурата на гласање е иста, како и кај болните и немоќни кога гласаат во домашни услови, со тоа што поради коронавирусот се преземаат максимални мерки за заштита“, рече Мустафа Муслиу, претседател на ОИК Гостивар.

Утре, на вториот ден од гласањето правото на глас го остваруваат болни и немоќни, како и лица во домашен притвор. Од 213 поднесени барања, комисијата во Гостивар одобрила 198 за болни и немоќни како и 4 лица во домашен притвор.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 53 минути

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Спортпред 17 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 19 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 22 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 1 ден

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена