Гостивар
Гостиварски регион со над 140 активно болни од Ковид, денес се земени 30 брисеви
Минатонеделната статистика од над 70 нови случаи на ковид е рекордна за подрачјето на Гостивар. Вирусот се шири, и бројката на новозаболени лица секојдневно се зголемува.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, активно болни од ковид во гостиварскиот регион има околу 145, од кои над 100 се од Општина Гостивар, по што следува Општина Врапчиште и најмалку има во Маврово Ростуше. Вкупно до сега оздравеле 85 лица. Последниот период се зголеми и бројот на тестирања што ги врши епидемиолошката служба. Во текот на денешниот ден биле земени 30 брисеви, за да се испита присуство на коронавирус. Резултати се‘ уште се очекуваат и од земени брисеви изминатите денови од граѓани кои добиле симптоми слични на корона, како и од 7 контролни тестови на потврдени пациенти, кај кои поминал потребниот период за излекување.
На инфективното оделение во гостиварската болница моментално се хоспитализирани 17 пациенти со ковид.
Атмосферата низ градот пак генерално е иста, како и претходно кога состојбата со короната беше мирна. Во центарот на вниманието остануваат изборите, а граѓаните секој со своите обврски и навики. Младите ги полнат кафулињата, а пензионерите прават прошетки низ паркот. Почитувањето на мерките е работа на свеста и навиките. Дел носат маски и држат растојание, додека други воопшто не.
Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на гостиварското подрачје биле казнети 24 лица. Во овој период за 13 лицa изготвени се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 210 лица со вакви решенија и при тоа не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ