Гостивар
Гостивар влезе во највисоката фаза на ризик од пренесување на коронавирусот
Секојдневниот пораст на бројот на заразени со корона во Гостивар, го донесе регионот во највисоката фаза по категоризацијата на Светската здравствена организација за ризикот на пренесување на вирусот меѓу населението. Гостивар сега е во фаза на широко распространета трансмисија, заедно со Скопје, Штип и Куманово, означена како фаза 4.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го објави збирниот неделен извештај за состојбата со ковид за периодот од 27 јули до 2 август, според кој во гостиварскиот регион биле потврдени 102 нови случаи на корона. Истиот период Скопје е евидентиран со 254, а Штип со 111 новозаразени.
Од вкупниот неделен број 912, во Македонија, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 209 (22,9%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (19,4%), 40-49 години (17,9%) и 50-59 години (17,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години (3,1%) и 10-19 години (5%).
Според број на активно болни Гостивар (281) моментално е на трето место во земјава, по Скопје (1.354) и Штип (430).
ИЈЗ ја објави и статистиката за активно болните по општини.
Регион Гостивар | 281 | ||
Општина Гостивар | 257 | ||
Општина Врапчиште | 23 | ||
Општина Маврово – Ростуше | 1 |
Вчера Кризниот штаб во Гостивар одржа редовен состанок, на кој беа повторени апелите за почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот