Поврзи се со нас

Гостивар

Во клупа или од пред компјутер? Неизвесно е како учениците ќе го почнат 1-ви септември

Објавено

на

На две и пол недели пред почетокот на новата учебна година, министерствата за образование и за здравство се’ уште не донесоа конечна одлука на кој начин ќе започне одвивањето на наставата.

Министерот за образование Арбер Адеми на денешната прес конференција истакна дека се залага за враќање на учениците во училишните клупи, но тоа зависи од епидемиолошката состојба со коронавирусот.

„Нудиме три модели на организирање и спроведување на наставата: со физичко присуство, далечинско учење-онлајн и третиот модел е комбиниран начин на настава од првите два. Во МОН преовладува мислење дека треба да се организира настава со физичко присуство, но да се земе предвид епидемиолошката состојба и условите во училиштата. Тоа значи дека секаде каде ни дозволува епидемиолошката состојба и каде има услови, имајќи ги предвид протоколите за заштита, би требало наставата да биде со физичко присуство. Нашиот став е јасен, нема замена за наставата со физичко присуство, но сепак треба да водиме сметка за здравјето на нашите ученици. Да се обезбеди физичка дистанца најмалку 1,5 метри и да се испочитуваат други одредби и упатства за да наставата се организира безбедно. Во училишта кои немаат услови, наставата треба да се организира преку комбиниран модел. Би се поделиле одделенијата на помали групи, една група по една недела недела би следела настава во училиште, а другата група да го следи  часот онлајн. Ако тоа не е можно, тогаш снимените лекции во текот на денот, би се споделиле со учениците онлајн. Какво и да е нашето решение, укажуваме дека може да се  смени и еден ден пред почеток на учебната година, или по почнување, зависно епидемиолошката состојба.“,  рече Адеми, додавајќи дека ако епидемиолошката состојба е таква каква што е сега, тогаш училиштата треба да се отворат.

Министерот потенцира дека се прави сеопфатна анализа, да се донесе правилна одлука. Примерите покажале дека повеќе од земјите се охрабриле да ги отворат училиштата, а имало и случаи кога после оваа одлука пак ги затвориле поради појава на заразени ученици и опасност од проширување на ковид 19.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак изјави дека став на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Вестипред 4 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 13 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 21 час

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 22 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена