Гостивар
За две недели над 210 граѓани во Гостивар казнети за неносење маски
Носењето на заштитна опрема која ги покрива носот и устата е задолжително од крајот на април, но очигледно е дека повеќето граѓани тешко се привикнуваат на ова правило и не го почитуваат доследно. Во Гостивар може да се забележи дека и во гужви и во затворени простории, не се носат маски, иако нема услови за да се одржува растојание. Дел од граѓаните пак, маските ги носат под брадата или со нив им е покриена само устата.
Според податоците од Секторот за внатрешни работи на гостиварското подрачје, во првите две недели од месецов, 217 граѓани добиле казнени налози затоа што не ја почитувале одредбата за задолжително носење на заштитна опрема. Најголемата бројка на казни изречени во еден ден била 46. Неносењето маска лицата кои биле фатени ќе ги чини 20 евра.
Заштитна опрема е задолжителна во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично, како и на отворени пазари и секогаш кога не може да се одржи дистанца од 2 метри.
Маска надвор не е задолжително ако се престојува во двор на станбена семејна куќа, се вози велосипед или се спортува на отворено, но се одржува дистанцата од минимум 2 метра, се патува во патничко моторно возило со лица со кои заедно живеете, се движите на јавни места и површини од отворен тип каде не слободно може да одржувате дистанца од 2 метри.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!